Ден на македонската култура во Трелеборг Folekts Park 22 мај 2010 - 18.00

 

Годинашната традиционална манифестација „Ден на македонската култура“ под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска ќе се одржи на 22 мај во организација на друштвото “Пелистер“ во Трелеборг. Во рамките на програмата ќе настапат фолклорни и музичко-хорски групи од неколку друштва, меѓу кои “Гоце Делчев“ и “Козара“ од Гетеборг, како и КСД “Македонија“ од Малме. Ќе биде прикажан и документарен филм посветен на историјатот на Македонскиот фолклорен фестивал кој првпат беше одржан пред 30 години.

Во вечерниот забавен дел во Фолкетс парк присутните ќе ги забавува пејачот од Македонија Новица Василевски во придружба на оркестарот “Екс Екс Екс Ел“ од Еслев.