Д-р Љиљана Кочоска-Мараш: “Да им се радуваме на секој од нашите успеси“

blog   

Во Каролинскиот институт во Стокхолм, Dept of Women's and Childrens Health, Институтот за гинекологија и акушерство, д-р Љиљана Кочоска-Мараш пред извесно време ја одбрани својата докторска дисертација на тема "Testosterone and estrogen treatment in postmenopasual women - aspects on behavior and brain function."

Големиот успех и свеченоста по повод одбраната на докторската дисертација, таа ги има доживеано на следниов начин.

- Самиот чин да докторираш на Каролинскиот институт, како и прославата на истиот, е неповторливо, прекрасно чувство, еднаш во животниот век, како што се вели. Каролинскиот институт му придава огромно значење на научниот труд и на процесот на докторирање, така што навистина многу ми значи што успеав да го одбранам мојот научен труд со највисока оценка од комисијата, вели Кочоска-Мараш.

Прославта се одвиваше во македонско-шведска конотација, со шведски специјалитети подготвени и аранжирани од феноменалниот готвач со кој замокот Дјурсхолм има договор.

- Имав 82 гости, професори, колеги, пријатели и роднини. Сестра ми, облечена во народна носија, ги пречекуваше гостите со домашно лепче и со сол/буковска пипер. Виното беше македонско од Бодин, со потпис Леиф Манестромс (еден од најпознатите шведски кувари), а со цел да се популаризира нашето вино во Шведска, овојпат произведено во соработка меѓу шведски специјалисти за вино и производители во Бодин.

А по вечерата, оркестарот свиреше стара македонска музика во мошне убава интерпретација на групата „Сплет“.

- Јас навистина би сакала сите ние што сме надвор од нашата Македонија да се почитуваме меѓусебно како личности и да ги почитуваме и да им се радуваме на успесите на нашите сонародници. Исто така се надевам дека младите луѓе ќе преземат иницијатива и ќе го продолжат она што нивните родители го почнале - се разбира, ако таму, на тој пат, се наоѓаат себеси, потенцира д-р Љиљана Кочоска Мараш.

Претседателството на Македонскиот сојуз се придружува кон честитките по повод овој исклучителен успех на нашата сонародничка и воедно и посакуваме натамошни високи резултати во нејзината научна и професионална работа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Додадени се друштва на МС
Јун 18, 2012
Посетете ги линковите до повеќето друштва...

Додадени се нови слики во галеријата.
Јун 18, 2012
Посетете ја нашата галерија...

Дома  |  За Нас  |  Om Oss  |  Новости и Активности  |  Друштва  |  Галерија  |  Претседателство на МС  |  Контакт
Македонски Сојуз ©2012.

 
Design by Centrog