Јубилеен 20. Ден на Македонската поезија во Шведска

Стокхолм - 27 март 2010

Културната манифестација “Ден на македонската поезија во Шведска“ годинава по 20-ти јубилеен пат се одржи во Културниот центар на АБФ во Стокхолм во организација на друштвото “Даме Груев“. По повод овој значаен јубилеј на македонските потески средби под покровителство на Македонскиот сојуз во Шведска од печат излезе поетскиот зборник “Светлина врз трагите“ во кој се поместени стихови од повеќемина автори. Зборникот е издание на Македонскиот сојуз и на книгоиздателството “Македонска реч“ во Скопје, а беше промовиран од страна на сопственикот на ова книгоиздателство, Нове Цветаноски, во рамките на програмата на годинашната манифестација во Стокхолм.

Во рамките на поетското читање настапија преку 20 автори, меѓу кои и двајца гости од Македонија, истакнатите писатели Илхами Емин и Никола Маџиров.

Меѓу гостите на манифестацијата беше и македонскиот амбасадор во Стокхолм, Агон Демјаха.

Одбележувањето на овој јубилеј беше поддржано од Советот за култура на Шведска и од Министерството за култура на Република Македонија.