Реакција на Претседателството на МС - Иселеничките признанија да се доделуваат со поголема одговорност  

blog

Претседателството на Македонскиот сојуз во Шведска ја поздрави иницијативата од пред неколку години која резултираше со востановување на посебни признанија на истакнати организации и поединци во дијаспората, што ги доделува претседателот на РМ Ѓорге Иванов.

Годинава, според неодамна објавеното соопштение од Кабинетот на македонскиот претседател, такво признание, „Повелба на РМ“, му е доделена токму на Македонскиот сојуз во Шведска, како најширока асоцијација која ги обединува и репрезентира интересите на дваесет илјадната македонска заедница во оваа скандинавска земја. За голем број македонски иселеници во Шведска, и нивните друштва и клубови, ова признание доаѓа како израз на поддршка од македонскиот државен врв за заедничките напори што неколку децении се прават во афирмацијата на македонскиот идентитет, јазик и култура во Скандинавија.

Меѓутоа, во исто време голем број членови на Македонскиот сојуз и претставници на управните одбори на македонските друштва и клубови реагираат со измешани чувства и збунетотст дека напоредно со доделувањето на „Повелбата на РМ“ е издвоен уште еден поединец иселеник во Шведска кому со посебен „Медал за заслуги“ му е оддадено признание за исклучителен придонес во развојот на организираната дејност во редовите на македонската заедница во Шведска. Станува збор за Лилјана Стоилковска Андовска, која во последниве години е присутна со свои настапи на културните манифестации кои, меѓу другото, ги организира Македонскиот сојуз, Амбасадата на РМ во Стокхолм и некои други институции и организации во Шведска.

−Не ни се познати критериумите според кои Кабинетот на Претседателот на РМ ги доделува овие признанија на заслужни поединци, но на мислење сме дека во овој случај одлуката не ја одразува реалноста поврзано со повеќедеценискиот развој на Сојузот на македонските друштва и клубови во Шведска, бидејќи бројот на поединци кои во еден мошне подолг период од неколку децении дале голем придонес за развојот на вкупната дејност и унапредувањето на колетивната македонска акција во Шведска воопшто не е за потценување, вели Гордана Крклинска, претседал на Македонскиот сојуз во Шведска.

Претседателството на Македонскиот сојуз смета дека насловот на признанието, „Медал на заслуги“, упатува на вреднување на еден поширок, долготраен, самопрегорен и посеопфатен општествен ангажман во доменот на сите сегменито што ја сочинуваат дејноста на една организација која ги претставува иселениците на централно ниво, а не само во однос на културните настапи со кои гореспоменатиот поединец во последните години го привлече вниманието. Впрочем, во Македонија постои државен орган, Агенција за иселеништво на РМ, која според својата поставеност и долгогодишни директни контакти со дијаспората веројатно располага со соодветни информации од квалитативен аспект.

„Свесни сме дека комисијата при Кабинетот на Претседателот на РМ сакала да биде автономна при донесувањњто на одлуката и затоа веројатно не побарала мислење од Македонскиот сојуз во однос на своите проценки. Но, од друга страна, бранот на незадоволства и протести кои сега пристигнуваат во канцеларијата на Македонскиот сојуз од страна на голем број нашинци во Шведска, недвосмислено укажува дека една ваква одлука донесена без соодветен пристап во утврдувањето на фактите атерира на тенок мраз и практично предизвикува контраефект. Незадоволството меѓу македонските иселеници во Шведска всушност извира од впечатокот дека мошне лесно се преминува преку фактот дека за доделеување на ваков вид високи државни признанија во најмала рака е потребна поголема објективност“, се истакнува во соопштението на Македонскиот сојуз во Шведска.

 

Додадени се друштва на МС
Јун 18, 2012
Посетете ги линковите до повеќето друштва...

Додадени се нови слики во галеријата.
Јун 18, 2012
Посетете ја нашата галерија...

Дома  |  За Нас  |  Om Oss  |  Новости и Активности  |  Друштва  |  Галерија  |  Претседателство на МС  |  Контакт
Македонски Сојуз ©2012.

 
Design by Centrog