На 26 февруари 2011 година во Гетеборг Годишно собрание - состанок на Советот на Македонскиот сојуз |
|---|
![]() |
Највисокиот собир на Сојузот на македонските друштва и клубови во Шведска, со кој раководеше претседателот на МС Јован Божиновски, се одржа во просториите на Спортското друштво “Вардар/Македонија“. На собранието присуствуваа претставници на друштвата и клубовите во составот на МС, како и поканети гости, меѓу кои беше и амабасадорот на РМ во Шведска, Кире Илиоски. Тој изрази задоволство дека имаше можност да биде присутен на највисокиот собир на македонската зедница на почетокот на својот мандат и ја потенцираше готовноста за унапредување на контактите и соработката во сите области во кои ќе се покаже потреба и интерес за тоа. Собранието не беше избрано, бидејќи Претседателството на МС се избира со двегодишен мандат. Ново претседателство ќе се избира во 2012 година. Инаку, напоредно со состанокот на Советот се одржа и годишно собрание на Женскиот актив при МС во чии рамки учествуваа делегатки од пет македонски друштва. Беше усвоена и програма за работа на МС во текотвната 2011 година која предвидува и повеќе активности. На собранието беа назначени и нови почесни членови на МС. Тоа се шведската пратеничка од редовите на Социјалдемократската партија, Гунила Карлсон, претставникот на АБФ, Реза Талеби, македонските активисти Симон Зенделов и Таше Стојановски, а од годинава за почесен член на МС се прогласува и актуелниот амбасадор на РМ во Шведска. |