Годишни собранија на македонските друштва во Гетеборг и Борос
blog   

 

Друштвото „Гоце Делчев“ во Гетеборг на 15 јануари 2012 година го одржа своето 42. годишно собрание. На собранието присуствуваа поголем број членови, но нешто помалку од вообичаената масовна присутност во изминатите неколку години. Беше избран нов управен одбор, а за претседател е избран Тане Ангеловски, кој оваа функција досега ја извршувал повеќепати. Во составот на новиот управен одбор влегоа и неколкумина помлади членови. Инаку, на собранието на „Гоце Делчев“ присутвуваше и социјалдемократската пратеничка во шведскиот Парламент-Риксдаг, Гунила Карлсон, на која притоа и беше врачена плакета за почесен член во Македонскиот сојуз. Свое годишно собрание на 14 јануари 2012 година одржа и друштвото „Кочо Рацин“ во Борос. На највисокиот годишен собир на оваа асоцијација, освен дискусијата околу остварените и идни активности, најмногу време се потроши на избирањето на нов управен одбор. За претседател на „Кочо Рацин“ повторно е избран Љубе Колевски, кој оваа функција ја извршува веќе неколку мандати.  

 

 

Додадени се друштва на МС
Јун 18, 2012
Посетете ги линковите до повеќето друштва...

Додадени се нови слики во галеријата.
Јун 18, 2012
Посетете ја нашата галерија...

Дома  |  За Нас  |  Om Oss  |  Новости и Активности  |  Друштва  |  Галерија  |  Претседателство на МС  |  Контакт
Македонски Сојуз ©2012.

 
Design by Centrog