|
|
|
|
На годишното собрание на МС, што се одржа на 27 февруари 2010 година во просториите на друштвото “Гоце Делчев“ во Гетеборг, е избрано Претседателство на МС со двегодишен мандат - за периодот 2010/2011 година. Во составот на Претседателството се: (стојат најназад) Ивица Челиковиќ, секретар, Гетеборг, Абдула Таипов, Малме, Мустафа Алиев (резервен член), Малме, (стојат во средина) Лилјана Трифуновска, Гетеборг, Тони Пејко, Гиславед, Илија Марковски (благајник), Хелсингборг, Цане Стефановски, Хелсингборг, Пеце Талевски, Трелеборг, (седат) Јован Божиновски, претседател, Гетеборг, Лилјана Стоилковска-Андовска, претседателка на Женскиот актив, Малме, Аница Николовска, Малме. На фотографијата недстасуваат: Борислав Видоевски од Малме и Зора Д амевска, резервен член од Халмстад.
|