Македонски сојуз во Шведска - афирмација на македонското име и културното наследство 

blog

Македонскиот сојуз во Шведска е најширока асоцијација на македонските иселеници во Скандинавија. МС ги обединува интересите и ги координира активностите на своите членови - 12 македонски друштва и клубови, а како почесни членски организации во рамките на МС се и двете македонски православни црковни општини (МПЦО) во Малме и Гетеборг. 

На 14 мај 1978 година во Трелеборг е одржано Основачко собрание на Интересната заедница на македонските друштва и клубови во Шведска. На овој собир делегатите од 14 асоцијации го избраа првото раководство на македонската заедница и ги утврдија смерниците на дејноста, од кои добар дел се уште се актуелни: 

  • зачувување и унапредување на македонската култура, јазик и традиција.
  • репрезентирање на интересите на своите членови во Шведска.
  • интеграција во шведското општество и социјално-културен развој во рамките на друштвата/клубовите.
  • унапредување на соработката меѓу Шведска и Македонија преку разни проекти и иницијативи.

На второто годишно собрание во 1981 година Интересната заедница доби ново име - Македонски координативен одбор (МКО). На барање на МКО во септември 1980 година за првпат се слушна македонски јазик на Шведското радио, а нешто подоцна беа емитувани и неколку телевизиски емисии на македонски јазик. Македонската радио-емисија престана да се емитува на почетокот на 1988 година, а моментно се емитува радио-емисија на македонски јазик, „Македонски глас“, на подрачјето на Гетеборг на фреквенцијата на локалното Радио Ангеред 106,3 МХз.

На 9 мај 1992 се одржа оснивачко собрание на кое Македонскиот координативен одбор прерасна во Македонски сојуз, како самостојна и централна организација на македонските друштва и клубови во Шведска. Три години по основањето, МС доби рамноправен статус со останатите централни доселенички организации, добивајќи едновремено и буџетски дотации за финансирање на своите активности и за водење на сопствената администрација и информативна дејност. 

Под покровителство на МС традиционално секоја година се организираат неколку културни манифестации: Ден на македонската поезија во Шведска, кој се одржува кон крајот на март, Ден на македонската култура во мај и Младинскиот фестивал во октомври. Како дел од МС, свои активности остварува и Женскиот актив, кој планира и реализира разни форми на соработка меѓу женските секции при македонските друштва и клубови. МС има и свој Хуманитарен одбор, кој главно се занимава со собирање и испраќање хуманитарна помош за здравствените установи во РМ. Од пред извесно време под чадорот на МС функционира и Деловно-консултативен совет. 

МС дејствува како неполитичка и непрофитна организација.

Zenski Aktiv

 

 

Додадени се друштва на МС
Јун 18, 2012
Посетете ги линковите до повеќето друштва...

Додадени се нови слики во галеријата.
Јун 18, 2012
Посетете ја нашата галерија...

Дома  |  За Нас  |  Om Oss  |  Новости и Активности  |  Друштва  |  Галерија  |  Претседателство на МС  |  Контакт
Македонски Сојуз ©2012.

 
Design by Centrog